“Be.” е создаден од верување дека вистинската вредност на облеката не се мери со сезоната во која е создадена, туку со времето што може да го издржи.
Создаден и воден од две жени, “Be.” е продолжение на нивниот сензибилитет: префинет, современ и длабоко поврзан со идејата за убавина што трае. Нивниот пристап кон модата не е воден од брзина и количина, туку од чувство, карактер и внимателно создавање. Тој сензибилитет се пресликува во секое парче, во секоја линија, текстура и одлука што го гради брендот.
Во свет на брза мода и краткотрајни трендови, “Be.” избира поинаков пат. Пат на внимателно создавање, одговорност и трајност. Секое парче е замислено како современ предмет со карактер: дизајниран да се носи долго, да старее достоинствено и да остане релевантен надвор од циклусите на моменталното.
Нашето богатство не е само во облеката што ја создаваме, туку во луѓето и материјалите што стојат зад неа.
“Be.” работи исклучиво со висококвалитетни природни материјали, ткаенини избрани поради нивната текстура, издржливост и природна убавина. Веруваме дека добриот материјал носи меморија, допир и чувство што не може да се замени со масовно производство.
Секое парче се шие во Македонија, во семејна фабрика изградена врз знаење, почит и човечки однос. Производството за нас не е анонимна индустрија, туку процес во кој достоинството на луѓето е подеднакво важно како и квалитетот на изработката. Работиме со тимови чии вештини се пренесуваат низ генерации и во средина каде што трудот, времето и прецизноста се вреднуваат.
Ова е нашиот пристап кон кружната мода. Да создадеме помалку, но подобро. Парчиња што не се трошат брзо, туку остануваат. Модели што можат повторно и повторно да бидат дел од нечие секојдневие. Облека што не завршува по една сезона, туку добива вредност со времето.
“Be.” не создава облека за момент.
“Be.” создава современи безвременски форми — со почит кон материјалот, човекот и светот во кој живееме.
Tим BE.
Билјана Силјановска
моден дизајн
Се започна со сон да го искреирам совршеното парче облека со безвременска елеганција но со современ одблесок што ќе ја рефлектира моќта и елеганцијата на модерната жена.
Како страстна вљубеничка во беспрекорни структурирани дизајни изработени од природни материјали и гледајќи ја константната промена на модата се осмелив да завземам свој став, да креирам свој потпис и да направам трансформација на трендовските модели во модели кои што ќе бидат носливи без разлика на трендот.
А при тоа да го задржат епитетот: страстна облека со став.
Инспирирана од тензијата помеѓу класичното и современото ја поврзав традицијата со иновацијата и дизајнирав безвремени парчиња облека кои ја обележуваат бавната мода, парчиња на кои треба да им се поклониме додека стојат во нашиот плакар и нашите ќерки едвај ќе чекаат момент да ги добијат во наследство.
Секоја боја, материјал, детал се внимателно избирани низ бессони ноќи, во копнеж за совршен “evergreen” модел.
Ангела Христовска
маркетинг и графички дизајн
Со почит кон оние кои ја прегрнуваат безвременската убавина и изразуваат своја автентична сила, се роди приказната за брендот “Be.” – еден нов бренд, воден од сонот на една жена и инспириран од секојдневието на многу жени.
Отсекогаш ме фасцинирал дизајнот во секоја негова форма.
Преку креативната мисла и желбата на дизајнерката да создаде безвременска облека за жената на новото време некако сосема природно и ненаметливо го најдов својот центар во оваа приказна. Околу овој центар гравитираат и мојата љубов кон дизајнот и вечната почит и сестринска праљубов кон секоја жена како визуелен призрак, умствена провокација и духовна инспирација.
Така се роди и името на овој бренд.
“Be.” (/biː/) – “да се биде”
“To be is to exist, or to take place.”
“Be.” е бидување, случување. “Be.” е идеја за пронаоѓање на својот центар, стабилност и мудрост и смело соочување и хабитирање во оваа реалност.
“Be.” не е само збор. “Be.” е креација на духот, ставот и сржта на женственоста. Тоа е повик – да се постои со цел, да се живее со страст, да се биде свој. Овој бренд го креирав за оние жени кои го носат духот на своите претци, ја впиваат мудроста од секој невидлив штит и се движат низ оваа реалност како моќни, нежни воини.
„Be.“ е облека која го истакнува ова чувство на нежна доминација во просторот.
Таа се гради врз основа на четири носечки столбови, кои што стануваат „Be.“ вредности: моќна, смела, искрена и нежна. Вредностите се интегрирани во хералдиката во амблемот, со што е пренесена есенцијата и филозофијата на брендот задржувајќи ја суштината без посебен напор со едноставно истакнување и посветеност на деталите кои не потсетуваат на уникатниот женски став и отвараат можности за брза трансформација и истакнување на индивидуалните ставови на оние кои ќе се осмелат да ги носат.
