ИНОВАТИВНОСТ

Be. Иновативност

За прв пат во Македонија во парче облека ќе биде вградена крипто технологија -NFT (Non fungible token) која ќе овозможува со едноставно скенирање со било кој понов паметен телефон преку нивните вградени NFC читачи, да биде прочитана целосно приказната за тоа парче, инспирација, совети за комбинирање со приложени фотографии на моќни комбинации за секакви прилики, начин на одржување, состав на материјал и секако податоци од сопственикот.

Be. Одржливост

Бе жената станува зависна од секое ново парче на Бе , од секоја нова колекција, и на таа зависност сакаме да и дадеме оправданост. Нашата цел е да овозможиме од една страна тоа да биде економски оправдано и воедно, на секое едно парче кое веќе ја завршило својата улога во гардероберот да му се даде втора шанса, во нечиј друг гардеробер. Создаваме платформа на која на едноставен начин ќе можете да го замените вашето парче за ново од следната колекција. Вратеното парче ќе биде реставрирано и ќе биде понудено на некоја друга Бе жена. Со ова не само што ја истакнуваме важната улога на свесноста за одржливоста на нашата околина и ре искористување на репроматеријали, туку воедно го истакнуваме квалитетот на материјалите и изработката како и безвременскиот стил на нашите модели кои се предвидени да може да останат и за наследство.
Додатно тука влегува во игра нашиот иновативен пристап со НФЦ технологијата, па секој нов сопственик на веќе користено парче, ќе има увид на движењето на сопственоста на тоа парче.