Est. 2024

Miss. „BE.“ story

I had a dream:

Сонував да креирам безвременска елеганција и современ одблесок кои ја рефлектираат моќта и елеганцијата на модерната жена. Страсна вљубеничка посветена на беспрекорни структурирани дизајни изработени од природни материјали гледајќи ја промената на модата се осмелив да ја трансформирам во безвременска, страсна и облека со став. Инспирирана од тензијата помеѓу класичното и современото ја поврзав традицијата со иновацијата и дизајнирав исконски парчиња облека кои ја обележуваат бавната мода, парчиња на кои треба да им се поклониме додека стојат на закачалка во нашиот плакар и нашите ќерки едвај ќе чекаат момент да ги добијат во наследство. Секоја боја, материјал, детал се внимателно избирани низ бессони ноќи, во копнеж за совршен “evergreen” модел.

„BE.“ е облека која ја истакнува женската моќ, смелост, искреност и нежност.

„BE.“ се гради врз основа на четири носечки столбови, на нашите „BE.“ вредности: моќна, смела, искрена и нежна. Вредностите се интегрирани во хералдиката во амблемот, со што е пренесена есенцијата и филозофијата на брендот задржувајќи ја суштината без посебен напор со едноставно истаккнување и посветеност на деталите кои не потсетуваат на уникатниот женски став и отвараат можности за брза трансформација  и истакнување на индивидуалните ставови на оние кои ќе се осмелат да  ги носат.

BE вредности:

Биди Моќна – Отелотворување снага и самодоверба со самиот дизајн, оснажувајќи ја жената “Be.” да направи смело разголување на личниот идентитет преку облеката на себе.

Биди Смела – Жената “Be.” е бесстрашна да турка граници, да ги предизвикува општествените норми и да биде своја.

Биди Нежна – Жената “Be.” не скромно ја истакнува нотата на нежност и благодарност во се што прави.

Биди Искрена – Жената „БЕ.“  се соочува со животните предизвици гордо и брутално искрено.

“BE” е начин на живот и став што ја слави уникатноста и моќта на личноста која ја чувствува крајната слобода да биде своја.

Веруваме дека овие денови не можете да направите ништо без да размислувате за иднината. Ние цврсто веруваме дека модата може да биде повеќе од краткорочен тренд. Нашата посветеност на кружната мода значи дека сме посветени на минимизирање на влијанието на нашите производи врз животната средина и се осигураме дека секоја наша креација не е само стилска, туку и добра за животната средина.

Со почит кон сите оние кои ја препознаваат, слават и почитуваат безвременската мода и имаат гласност во својот став.

Биди “BE.”

Est. 2024

Miss. „BE.“ story

Ве. Инспирација

Замислете ги жените од The Great Gatsby или од Downtown abbey, и сликите на таа елеганција , стил и мода. Стил, мода и грациозност создадени во точно определен временски период, создадени да траат безвременски.  Потоа премотајте го филмот нанапред, околу 80 или 100 год.

2020та.

Безбројни рилови на приватни журки, ексклузивни забави, недостапни кабареа преполни со прекрасни девојки во тесни, прекратки сукњички, алкохолизирани, со лица прекриени со евтина или погрешна шминка, усни кои повеќе одбиваат отколку привлекуваат….

 

Be. Цел

“Be”   ја враќа жената на своето вистинско место, онаму каде секогаш припаѓала, истакнувајќи ја нејзината моќ и нежност во исто време исто како и нејзината храброст и искреност. Моделите на “Be” се изработуваат за жени и главната улога на секое парче облека е да ја прати жената во чекор во нејзините утра полни со обврски и грижа за блиските, да и помага да остави незаборавен впечаток на нејзините работни состаноци, навечер, ја комплетира нејзината убавина придружувајќи ја на коктел, дејт, настан… таа толку пријатно се чувствува во оваа облека што ја носи како своја втора кожа.

Затоа  за жената “Be” која што знае да биде истовремено динамична и мирна, доминантна и повлечена, внимателно се избира дизајнот, материјалот, изработката, додатоците , сѐ е бескомпромисно врвно и сето ова се става во служба на жената што ќе го носи парчето “Be”.

Носете го “Be” со љубов затоа што и со љубов е направено.

Биди моќна

Биди нежна

Биди храбра

Биди искрена

 

“Be”  жената

Пред се , не само името на брендот туку и суштината на неговото постоење е да го заокружи најкомплицираниот баланс кој се бара од денешната жена. Балансот помеѓу професионалната и храбра жена од каде ја црпи својата самостојност,

топлина и нежноста кои не смеат да бидат компромитирани,

женственоста и сексипилот од кои ја полни својата самодовербата,

истрајноста во секојдневните обврски и

потребата да ги задоволи сите свои потреби.

Нашата мисија е да се пронајди оној “sweet spot”, златна средина во која жената ќе ја почувствув целата своја моќ, нежност, искреност и храброст, центар на своето јас, каде го пронаоѓа својот спокој и ја црпи својата мотивираност газејќи ги секокдневните предизвици на патот до своите цели.