ПРИКАЗНАТА

Добредојдовте во светот на “Be.” – бренд кој ја слави жената во нејзината полна снага и убавина, враќајќи ја на местото што и припаѓа. Овој бренд е создаден да говори во име на жената која чекори низ животот со сигурност и грациозност, која е динамична и мирна, доминантна и повлечена.

Секое парче на “Be.” е создадено за жената што балансира меѓу улогите – од утринските обврски и грижата за блиските, преку динамичните деловни состаноци, до вечерните моменти кои бараат незаборавен стил. Тоа е облека која не само што остава впечаток, туку и ја прати жената во секој чекор, како природно надополнување на нејзиниот уникатен стил.

За жената на “Be.” внимателно го избираме секој детаљ – од дизајнот, материјалите, и изработката, до финалните најфини доработки. Сето тоа е со највисоки стандарди, создадено со посветеност, прецизност и бескомпромисен квалитет – во служба на жената која го носи.

Цврсто веруваме дека модата може да биде нешто повеќе од минлив тренд. Нашата посветеност на кружната мода значи дека создаваме со одговорност кон животната средина, вложувајќи во креации кои траат и оставаат значење, не отпечаток. Со “Be.”, секое парче е повеќе од стилско – тоа е внимателно дизајнирано за да го почитува и вашето присуство и светот што го делиме.

Носете го “Be.” со љубов, бидејќи со љубов е создаден.

Со почит кон сите оние кои ја препознаваат, слават и почитуваат безвременската мода и имаат гласност во својот став. Биди „Bе.“

Bе. Вредности

Биди Моќна

Отелотворување сила и самодоверба со самиот дизајн, ојачувајќи ја жената “Be.” да направи смело разголување на личниот идентитет преку облеката на себе.

Биди Смела

Жената “Be.” е бесстрашна да турка граници, да ги предизвикува општествените норми и да биде своја.

Биди Нежна

Жената “Be.” нескромно ја истакнува нотата на нежност и благодарност во сѐ што прави.

Биди Искрена

Жената “Be.” се соочува со животните предизвици гордо и брутално искрено.

“Be.” е начин на живот и став што ја слави уникатноста и моќта на личноста која ја чувствува крајната слобода да биде своја.

Tим BE.

Билјана Силјановска

моден дизајн

Се започна со сон да го искреирам совршеното парче облека со безвременска елеганција но со современ одблесок што ќе ја рефлектира моќта и елеганцијата на модерната жена.

Како страстна вљубеничка во беспрекорни структурирани дизајни изработени од природни материјали и гледајќи ја константната промена на модата се осмелив да завземам свој став, да креирам свој потпис и да направам трансформација на трендовските модели во модели кои што ќе бидат носливи без разлика на трендот.

А при тоа да го задржат епитетот: страстна облека со став.

Инспирирана од тензијата помеѓу класичното и современото ја поврзав традицијата со иновацијата и дизајнирав безвремени парчиња облека кои ја обележуваат бавната мода, парчиња на кои треба да им се поклониме додека стојат во нашиот плакар и нашите ќерки едвај ќе чекаат момент да ги добијат во наследство.

Секоја боја, материјал, детал се внимателно избирани низ бессони ноќи, во копнеж за совршен “evergreen” модел.

Ангела Христовска

маркетинг и графички дизајн

Со почит кон оние кои ја прегрнуваат безвременската убавина и изразуваат своја автентична сила, се роди приказната за брендот “Be.” – еден нов бренд, воден од сонот на една жена и инспириран од секојдневието на многу жени.

Отсекогаш ме фасцинирал дизајнот во секоја негова форма.

Преку креативната мисла и желбата на дизајнерката да создаде безвременска облека за жената на новото време некако сосема природно и ненаметливо го најдов својот центар во оваа приказна. Околу овој центар гравитираат и мојата љубов кон дизајнот и вечната почит и сестринска праљубов кон секоја жена како визуелен призрак, умствена провокација и духовна инспирација.

Така се роди и името на овој бренд.

“Be.” (/biː/) – “да се биде”

“To be is to exist, or to take place.”

“Be.” е бидување, случување. “Be.” е идеја за пронаоѓање на својот центар, стабилност и мудрост и смело соочување и хабитирање во оваа реалност.

 “Be.” не е само збор. “Be.” е креација на духот, ставот и сржта на женственоста. Тоа е повик – да се постои со цел, да се живее со страст, да се биде свој. Овој бренд го креирав за оние жени кои го носат духот на своите претци, ја впиваат мудроста од секој невидлив штит и се движат низ оваа реалност како моќни, нежни воини.

„Be.“ е облека која го истакнува ова чувство на нежна доминација во просторот.

Таа се гради врз основа на четири носечки столбови, кои што стануваат „Be.“ вредности: моќна, смела, искрена и нежна. Вредностите се интегрирани во хералдиката во амблемот, со што е пренесена есенцијата и филозофијата на брендот задржувајќи ја суштината без посебен напор со едноставно истакнување и посветеност на деталите кои не потсетуваат на уникатниот женски став и отвараат можности за брза трансформација и истакнување на индивидуалните ставови на оние кои ќе се осмелат да ги носат.