Услови за користење

Почитувани клиенти, Ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги следниве “Услови на користење”. Секоја понатамошна посета или купување преку нашата онлајн продавница, ќе значи дека сте ги прочитале овие услови и сте се согласиле со нив целосно. Користењето на нашата онлајн продавница е за ваша лична потреба и на сопствена одговорност.

РЕКЛАМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА И ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фискална сметка, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате од нашите продавачи на свој трошок или пак во продавницата на брендот од кој е нарачан производот. Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, “Be” има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. За делумна сторнација на нарачка (доколку враќате дел од нарачката, а дел задржувате) по испратен налог од наша страна до банката за поврат на средства се чека до 14 работни дена.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот +389(0)75 443 300 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@be.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на +389(0)75 443 300 или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@be.com.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Цените на сите производи на веб страницата www.be.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

– БАРАЊЕ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА

    ПОПОЛНУВА КУПУВАЧ:

    РЕКЛАМАЦИОНЕН БРОЈ:

    Име и Презиме*

    Адреса*

    Телефон*

    Е-маил*

    Шифра на производ (со цена)*

    Малопродажна цена*

    Датум на купопродажба*

    Барањето на купувачот во случај рекламацијата да се уважува (заокружете ја одбраната ставка):

    Замена на производ за друг прозивод
    Замена на производ за ист производ
    Рефундација на средства

    Дека е согласен датумот за рекламација да се третира, датумот кога "Be" ја примил препорачаната пратка;

    Дека е согласен да "Be" одлука по поднесената рекламација да достави по електронски пат на неговата (горенаведената) email адреса, во Законски рок од 8 дена од денот на прием на рекламација;

    Дека е согласен во случај на оправдана рекламација, договорениот рок за исполнување на барањето за рекламација да биде 15 дена од денот на приемот на рекламацијата.

    – УСЛОВИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР И ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

    Купувачот има за право во рок од 14 дена од денот на склучување на договорот за купопродажба без да ги наведе причините едноставно да го раскине договорот. Со еднострано раскинување на договорот купувачот се ослободува од сите договорени обврски, освен трошоците за враќање на купените производи.

    Во случај на откажување на договорот , купувачот има право за барање на повраток на средства или замена за друг производ.

    Цената за производите ќе биде вратена на купувачот откако производите ќе бидат вратени на трговецот. Трговецот има право да не ги врати средствата на потрошувачот откако ќе утврди дека производите се користени и не се во исправна состојба, бидејќи потрошувачот неадекватно и неправилно ги користел.

    Во случаи кога производите се враќаат мора да се вратат во исправна и неискористена состојба и оригинално пакување.

    Трошоците за враќање на производите се на сметка на потрошувачот, освен во случаи кога потрошувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.

    Податоците кои се внесуваат во овој образец служат за евидентирање измена во промет на производите и комапнијата “Be” нема да ги употребува за други цели.

    Превземете го образецот и пратете ни го пополнет по мејл:

    Доколку потрошувачот се одлучи за замена за друг производ , ова право може да се оствари во склоп на условите со купопродажба поставени на веб страната на брендот “Be”.